Sunday, April 20, 2008

2 comments:

Natasa said...

-Теорија на генератор со правоаголна рамка како ротор
За случај на моделот кој се состои од рамка-ротор што ограничува површина С која е пронижувана од магнетното поле со магнетна индукција В чиј што магнетен флукс се менува во законот:
Ф = В *Ѕ * cosα,
Каде аголот α се менува по истиот закон како и аголот φ во претходните дискусии
α = ωt
Аголот во овој случај е зафатен меѓу векторот на магнетната индукција В и нормалата n повлечена во однос на површината Ѕ.
Временски променливиот карактер на флуксот, вклучен во определување на големината на индуцираната електромоторна сила преку Максвел-Фарадеев закон, дава формула со облик
є= В * Ѕ * ω* sinωt,
Величините В,Ѕ, ω како карактеристики на генераторот се константни величини така да нивниот производ дава нова величина єm
Є = В * Ѕ * ω
Повторно се добива препознатливата аналитичка форма на електромоторната сила на индуцираните наизменични струи
є= єm * sinωt

margarita said...

Наизменичните струи се добиваат по принципите на магнетна индукција.
Уреди кои се добиваат на овој начин се нарекуваат генератори.
Генераторите се состојат од статор и ротор.
Индуцираната електромоторна сила има синусен карактер.
Ист таков карактер има и струјата предизвикана од потенцијалната разлика.
Карактерисични величини се период, фреквенција, кружна фреквенција, амплитудните вредности и моменталните вредности.