Sunday, April 20, 2008



3 comments:

Natasa said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Natasa said...

Добивање на наизменични струи
Деф: Уредите со чија помош врз принцип на магнетна индукција се обезбедува потенцијална разлика на краевите на проводникот се викаат електрични генератори.
Во основа секој проводник кој се движи во магнетно поле и ги сече магнетните силови линии може да се смета за електричен генератор. Доколку имаме проводник кој се движи рамномерно праволиниски во хомогено магнетно поле и притоа векторот на магнетната индукција и векторот на брзината градат определен агол, големината на индуцираната електромоторна сила е определена со равенката:
Є = В * l * v * sinα
Деф: Струи кои во текот на времето периодично ги менуваат вредностите ги нарекуваме наизменични струи.
Деф: Времето што е потребно да помине за да струјата почне повторно да ги поприма вредностите што веќе ги имала како по големина така и по насока, се нарекува период на наизменична струја.
Деф:Бројот на целосните промени на вредностите на струјата за време на една секунда, се нарекува фреквенција на наизменичната струја.
Периодот се означува со Т и се изразува во секунди (ѕ), а фреквенцијата се означува со f и се изразува во херци (Hz). Математичката врска помеѓу периодот и фреквенцијата е позната:
T = 1/f
Освен фреквенцијата карактеристиките на струјата обично ги даваме преку кружна фреквенција која ја означуваме со ω, а ја изразуваме во херци (Hz), бидејќи таа ги дефинира целосните промени на наизменичната струја во тек на 2π секунди:
ω=2π i ω=2π/T
Според фреквенцијата наизменичните струи ги делиме на: нискофреквентни со фреквенција до 100Hz, средни фреквенции до 20.000Hz и на крај високи или радио-фреквенции со над 20.000Hz.

Gabriel4e said...

Jacinata na prava postojana struja koja za ednakov vremenski interval osloboduva isto kolicestvo toplina kako i naizmenicnata ja opredeluva efektivnata vrednost na naizmenicnata srtuja.

Efektivnata vrednost na naizmenicnata struja pretstavuva 7/10 od amplitudnata vrednost na naizmenicnata struja.